Бројот на загинати во серијата шумски пожари што го зафатија централниот дел на Чиле сега изнесува 123 лица.
Властите велат дека стотици луѓе остануваат исчезнати по неколкудневните пожари кои уништија илјадници домови во близина на популарните крајбрежни градови Вина дел Мар и Валпараисо.
Жителите кои побегнаа од пожарите почнаа да се враќаат во своите уништени или оштетени домови.
Претседателот Габриел Бориќ прогласи дводневна национална жалост во понеделник.
Американскиот претседател Џо Бајден доцна во понеделникот изјави дека тој и неговата сопруга Џил се „длабоко тажни поради загубата на животи и уништувањето“ во Чиле и дека „Соединетите Држави се подготвени да му ја дадат потребната помош на чилеанскиот народ“.
Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, Ројтерс, агенцијата Франс прес.