За ладење, наместо за загревање: Соларни панели ја одбиваат топлината од објектите

Your browser doesn’t support HTML5

Компанија од американската сојузна држава Калифорнија развива материјал кој може да ги лади просториите со испраќање топлина во ладниот свемир. Известува Мет Дибл.

Изгледаат како соларни панели, но системот што се инсталира на овој покрив е поинаков. Со испраќање на топлина во ладниот свемир, се помага во разладување на просторот. Оваа технологија користи т.н. „радијативно ладење“, природен феномен кој не бара дополнителна енергија.

Во текот на денот, сончевата топлина најмногу се апсорбира од објектите на Земјата и атмосферата. Но, дел од топлината во инфрацрвениот опсег сепак бега, како низ тесен прозорец во ладен свемир.

Фолијата што ги покрива овие панели е дизајнирана да ја канализира топлината низ тој прозорец дури и во најжешките денови.

„Се фокусира на топлинската енергија на објектот и зрачењето во оваа многу специфична бранова должина до атмосферата“, објаснува Арјун Сароја, извршен директор на „SkyCool Systems“.

Панелите имаат течност, која фолијата овозможува ладење на речиси 5 целзиусови степени, велат од фирмата со седиште во Калифорнија, SkyCool.

„Потребен е релативно долг циклус, а во меѓувреме фолијата ја лади течнноста“, додава Џоел Рински, потпретседател на „SkyCool Systems“.

Ладната течност се доставува до системот за ладење во зградата за да ја зголеми ефикасноста. Единствената енергија што се користи е во напојувањето на малата пумпа за циркулација на течноста.

„SkyCool, на сопственик на продавница за храна, му заштедуваат меѓу 15 и 20% од трошоците за ладење“, вели Сароја.

Технологијата за ладење може да има многу примени. Еден проект во Индија ја инсталираше фолијата на количките на уличните продавачи, со што им се намали амбиенталната температура и им помогна да го зачуваат овошјето и зеленчукот подолго.

Компанијата исто така работи на материјал за покрив на згради во државите кои се во развој, а на кои им недостига климатизација.

„Ако може тие згради да се разладат без струја и вода, и внатре да имаат пријатна температура, тогаш постои потенцијал за да се спасат животи и драматично да се зголеми продуктивноста ширум светот“, објаснува Сароја.

Би се искористила можноста преку тесниот прозорец да се ублажи затоплувањето на планетата.