СКОПЈЕ – Интерес кај банките има, договор за банкарските трошоци односно каматата нема. Владата и банкарите седнаа денес на маса во министерството за финансии и постигнаа половичен договор.
Двете страни се договорија околу рокот за отплата на подигнатите средства кој ќе биде до 15 години како што бараше Владата. Колку ќе изнесува каматата ќе се преговара и понатаму а конечен договор како што кажа премиерот, ќе се постигне во текот на идната недела.
Доближување на ставовите по ова прашање имало на денешната средба но премиерот Мицкоски не прецизираше што точно значи тоа.
Целта е каматата која ќе ја понудат банките да биде што е можно понискаХристијан Мицкоски, премиер на РСМ
„Во моментот се доближуваат ставовите. Би се задржал на таа формулација. Не би зборувал сега за проценти. Би зборувал повеќе за изразена волја, од двете страни има изразена волја да бидат ставовите доближени и да бидат усогласени. Тие 3,25 проценти секако како Влада ќе ги платиме, можеби за некоја година би издале еврообврзница со кој предвреме би го вратиле овој кредит бидејќи таму немаме кредитна стапка. Целта е каматата која ќе ја понудат банките да бидат што е можно пониска за да може стопанството да добие пониска камата. Реално има трошоци што ги имаат банките но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи и од политиките на централната банка“, рече Мицкоски.
Your browser doesn’t support HTML5
Банките ги усогласија роковите кои бизнисот ќе ги има за исплата со оние од унгарскиот кредит од нив. Владата и банкарите денес се договорија рокот за отплата на кредитот да биде до 15 години со грејс период до три години и да може да се исплати и побрзо доколку фирмата која го подигнала може да го стори тоа.
Ова прашање беше една од пречките бидејќи во праксата на банките е овој рок да изнесува од 7 до 10 годни.
„Заземавме заеднички став дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја користиме формулацијата до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата. Банките кажаа дека има поедини клиенти кои сакаат пократок рок“, објасни Мицкоски.
Според Мицкоски, сите банки пројавиле интерес да учествуваат при распределбата на 250 милиони евра за бизнисот, пари од унгарскиот кредит.