Победата ќе ја прослави со парада низ улиците на градот в сабота
ВАШИНГТОН —
Безбол тимот на Вашингтон е шампион првпат во историјата на САД. Победата ќе ја прослави со парада низ улиците на градот в сабота.
Тимот го победи противникот „Хјустон Астрос“ со резултат 6-2, во одлучувачка седма игра, која им ја донесе првата победа во професионалната безбол лига.
Градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Баусер, рече дека победничката парада ќе почне од 15-та улица, преку авенијата Пенсилванија, и ќе заврши на 3-та улица, во близина на Капитол.