Отворен најдолгиот зиплајн во светот

Во Обединетите Арапски Емирати беше отворен најдолгиот зиплајн во светот, којшто им дава можност на посетителите да постигнат брзина од 120 километри на час и се наоѓа на најголемата планина во државата, Џабел Џес.

Од Гинисовата книга на рекорди потврдија дека „Џабел Џес флајт“, долг 2,8 километри (еднакво на 28 фудбалски игралишта), е подолг од претходниот светски рекорд - зиплајнот во Порторико, со должина од 2,2 километри. Споредено, зиплајнот во Обединетите Арапски Емирати нуди дополнителни 600 метри адреналинска авантура.

На најголемиот светски оператор на зиплајни, Торо Верде и на Агенцијата за развој на туризмот (Ras Al Khaimah Tourism Development Authority -RAKTDA), им биле потребни повеќе од четири месеци да го изградат зиплајнот, чиј капацитет е до 200 посетители дневно.