Наградата беше соопштена денеска во американскиот Стејт департмент
Земјоделец од Холандија, заслужен за воведување висококвалитетен семенски материјал за одгледување на зеленчук отпорен на болести во повеќе од 60 земји, вклучувајќи ги Филипините, Тајланд и Индонезија, е добитник на Светската награда за храна во 2019 година.
Симон Грот, во 1981 година започнал да се обидува да создаде подобар семенски материјал за зеленчук за да им помогне на земјоделците во Југоисточна Азија.
Наградата беше соопштена денеска во американскиот Стејт департмент.
Фондацијата која ја доделува наградата за храна, во вредност од 250.000 долари, е со седиште во Де Мојн, Ајова.
Грот ќе ја прими наградата на 17-ти октомври на церемонија во Ајова.