Асанж осуден на 50 недели затвор

Лондонски суд го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на 50 недели затвор затоа што пред седум години кога се засолнил во амбасадата на Еквадор не платил кауција.

Асанж влезе во еквадорското дипломатско претставништво во 2012-та година за да избегне екстрадиција во Шведска и да се соочи со наводите за сексуален напад.

Шведска ја отфрли истрагата, но Асанж остана во амбасадата, стравувајќи дека британските власти ќе го притворат и екстрадираат во САД во врска со објавувањето на класифицирани американски документи.

Откако Еквадор минатиот месец му го одзеде политичкиот азил, тој беше уапсен од британската полиција.

САД кои бараат екстрадиција на Асанж го обвинија за хакерски заговор поврзан со објавувањето на стотици илјади тајни документи.