САД ќе го преиспитаат финансискиот придонес кон Светската здравствена организација

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека организацијата е наклонета кон Кина

„Тие потфрлија“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа, имплицирајќи дека можеби тоа го направиле за да не се замерат со Кина, каде новиот вирус за прв пат беше пријавен.

„Изгледа дека се многу наклонети кон Кина“, рече претседателот. „Треба да го испитаме тоа“.

САД се најголемиот придонесувач во Светската здравствена организација.

Запрашан од новинар дали смета дека е добар потег да го прекине финансирањето за организацијата среде пандемија, претседателот негираше дека рекол оти тоа ќе го направи, туку дека ќе се испита тоа.

Запрашан од новинар дали смета дека е добар потег да го прекине финансирањето за организацијата среде пандемија, претседателот негираше дека рекол оти тоа ќе го направи, туку дека ќе се испита тоа.


Бројот на заразени со коронавирус во САД се приближува кон 400,000.

Повеќе од 12,000 смртни случаи во државата се припишуваат на КОВИД-19 , со една третина од нив во Њујорк, сегашниот глобален епицентар на пандемијата.

Гувернерот на Њујорк ги предупредува жителите да не очекуваат брзо враќање во нормала, забележувајќи дека епидемијата со грип во 1918 достигнала врв за шест месеци, и 30,000 луѓе умреле во државата Њујорк.

„Социјалното дистанцирање функционира“, рече гувернерот Ендру Куомо во вторникот. „Знам дека е тешко, но мора да продолжиме да го правиме“.

Претседателот во вторник кажа дека неговата администрација ефикасно постапила во врска со финансиската загуба што вирусот ја предизвикал во државната економија, со околу 70 милијарди долари од 350 милијарди долари за покривање на платите во малите бизниси, кои била главно позајмица.

Уште не е јасно како тие пари ќе стигнат до сопствениците на бизниси.