ВАШИНГТОН —
Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека имала разговори со Русија во врска со нејзината вакцина против ковид-19.
„Имаме близок контакт со руските здравствени власти, и дискусиите се во тек околу можна преквалификација на СЗО на вакцината. Но, повторно, преквалификација на која било вакцина вклучува строга ревизија и евалуација на сите податоци неопходни за безбедност и ефективност“, изјави портпаролот на СЗО Тарик Јасаревич, на брифинг на Обединетите нации во Женева.
Тој рече дека е охрабрен од брзината со која можните вакцини се развиваат во светот, нагласувајќи дека најголемата грижа на СЗО е нивна праведна дистрибуција до граѓаните.