Директорот за комуникации во Белата куќа поднесе оставка

Мајк Дјубки, директорот за комуникации во Белата куќа, по само три месеци, поднесе оставка на функцијата.

Дјубки за магазинот „Политико“ изјави дека оставката ја поднел на 18-ти мај, и дека претседателот Доналд Трамп ја прифатил.