Дебелината – рецепт за епидемија на дијабетес

Дебелината – рецепт за епидемија на дијабетес

Одржувањето на витка става е клучно во борбата против дијабетесот.

Статистиката е доволно застрашувачка веднаш да се прекине со нездравата исхрана. Според Светската здравствена организација, над две милијарди возрасни лица до 2015-та ќе бидат со телесна тежина над границата, а 700 милиони ќе спаѓаат во категоријата – дебели. Ова е растечки проблем дури и во земјите со ниски и средни примања.

Намалената физичка активност и внесувањето на големи количини на маснотии и шеќер се рецептот за глобалната епидемија, наведува СЗО. На универзитетот Вашингтон во Сиетл, истражувачите следеле група од преку 4.000 лица над 65-годишна возраст, и никој од нив на почетокот немал дијабетес. Го мерече нивото на маснотии во телото, големината на половината, како и соодносот меѓу половината и колковите во рок од 12 години.

„ Дури и меѓу постарите лица над 75 години, високото ниво на маснотии во телото е поврзано со најпознатиот вид на дијабетес, типот 2“ вели Мари Бигс од истражувачкиот тим.

Мажите кои се на граница да бидат дебели се со петипол пати поголем ризик од дијабетес отколку оние со умерен вишок на килограми. Кај жените, ризикот е околу триипол пати поголем.

Одржувањето на витка става е клучно во борбата против дијабетесот.

„Резултатите ја афирмираа потребата од внимавање на телесната тежина во 50-тите години и одржување на здрава линија и на постари години, за да се намали ризикот од дијабетес“, вели Бигс.

Истражувањето е објавено во Журналот на Американското медицинско здружение.