СТО: Американски тарифи на кинески производи не се фер

Вашингтон тврдеше дека тарифите се оправдани како контратежа на владините олеснувања за кинеските компании

Светската трговска организација донесе одлука дека САД постапиле погрешно со казнените казнените давачки наметнати за широка лепеза на кинески добра, што може да има далекусежно влијание.

Одлуката на Светската трговска организација донесена во понеделник вели дека американските давачки за увоз на кинески добра – меѓу кои соларни плочи, челик и други производи – не биле во согласност со меѓународните правила.

Вашингтон тврдеше дека тарифите се оправдани како контра акција на владините олеснувања за кинеските компании кои потоа биле во можност наводно „да истурат“ голема количина производи во САД по вредност под пазарната.

Пекинг, кој поднесе жалба во 2012, тврдеше дека тарифите претставуваат незаконска американска заштита на американските производители. Жалбата се однесуваше на повеќе од 7,2 милијарди долари вредна кинеска стока, годишно.

Не е јасно дали САД ќе се жалат на пресудата.

Министерството за трговија на Кина ја поздрави одлуката и ги поттикна САД да го „поправат погрешното постапување“ за да се „обезбеди клима на фер конкуренција“.