Вработените во Старбакс планираат штрајк кој може да се прошири низ САД до Бадник

Your browser doesn’t support HTML5

Вработените во кафулињата на Старбакс од денеска планираат петдневен штрајк во знак на протест поради недостигот на напредок во преговорите за договрите со компанијата. Штрајкот до Бадник би можело да се прошири во стотици кафулиња низ САД. Старбакс соопшти дека веќе нуди плата и бенефиции.

Вработените во кафулињата на Старбакс планираат да започнат петдневен штрајк почнувајќи од денеска во знак на протест поради недостигот на напредок во преговорите за договрите со компанијата.

Штрајкот е предвидено е да почне од Лос Анџелес, Чикаго и Сиетл, а до Бадник би можело да се прошири во стотици кафулиња низ САД.

Синдикатот на работници во Старбакс кој организираше вработени во 535 американски кафулиња во сопственост на компанија од 2021 година, рече дека Старбакс не ја исполнил обврската преземена во февруари во врска со договорите на вработените.

Старбакс соопшти дека веќе нуди плата и бенефиции - вклучувајќи бесплатна школарина и платено семејно отсуство - во вредност од 30 долари на час за баристи кои работат најмалку 20 часа неделно.