Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, одговарајќи на обвинувањата за западни двојни стандарди, денес рече дека меѓународното право мора да се применува во сите конфликти, но војните во Украина и Газа се многу различни.
Арапските лидери ги обвинија западните земји дека не ги применуваат истите стандарди за израелската војна во Газа, започната како одговор на смртоносниот напад на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, како што примениле на руската војна во Украина.
Запрашан за ова прашање, Столтенберг рече: „Мојата порака е дека меѓународното право, хуманитарното право, мора да се почитуваат во сите конфликти и животот на цивилите секогаш да се штитат“.
Говорејќи на прес-конференција во седиштето на трансатлантската воена алијанса во Брисел, Столтенберг рече дека е исто така „важно да се признае дека ситуацијата во Газа и ситуацијата во Украина се различни на многу начини“.
„Украина никогаш не претставуваше закана за Русија, Украина никогаш не ја нападна Русија“, рече тој.
„Руската инвазија на Украина беше неиспровоцирана инвазија, инвазија од целосен обем, на друга земја“, додаде тој.
„Значи, се разбира, Украина има право на самоодбрана од неиспровоциран напад и да го поддржува територијалниот интегритет“.