Волонтери пребаруваат тела на загинати и убиени лица низ ослободените територии на Донецк

Your browser doesn’t support HTML5

Волонтерска група трага по останките на загинатите во конфликтот со Русија во украинскиот регион Доњецк. Од 2014 година, групата „Платсдарм“ соопшти дека пронашле околу 2.000 тела. Известува Јарослава Мовчан.

Пензионерот Анатолиј Смик се врати во своето село Бохородихне во регионот Доњецк, откако беше ослободено во октомври 2022 година. Руските сили го држеа селото окупирано пет месеци.

Речиси целото село е евакуирано, освен неколку десетици постари жители кои останаа. Смик вели дека некои од нив исчезнале и верува дека Русите ги убиле.

„Телото на 70-годишен маж не е пронајдено до денес. Излегол надвор и видел дека неговата сопруга е убиена. Така, тој отиде - и беше веднаш убиен. Но, сепак сè уште не можеме да го најдеме неговото тело. Ја најдовме неговата сопруга, но не и него…“, вели Смик.

Волонтерска група за пребарување наречена „Платсдарм“ работи на периферијата на селото, барајќи тела на загинати војници и жители. Таа група ја предводи Олексиј Јуков.

„За време на нашите операции за пребарување, најдовме скелет на неидентификувано лице. Ние веруваме дека тоа не е војник - можеби цивил. Имаме информации дека додека Русите биле тука, закопале неколку луѓе”, вели Јуков.

Јуков е боксерски тренер, но повеќе од 20 години помага во пронаоѓањето на телата на паднатите борци. Тој вака волонтира уште од тинејџерските години, ексхумирајќи останки од Втората светска војна, а потоа и на Крим откако Русија го нападна во 2014 година.

По составувањето на полицискиот извештај, волонтерите на групата за пребарување почнуваат да отстрануваат човечки останки.

„Заби и прстен. Еве уште еден – можете да ги ставите сите овде, за да ги видиме…”, посочува Јуков.

Групата „Платсдарм“ се целосно финансирани од пари од меѓународни партнери и приватни донатори. Доволно е да се извршува една операција за пребарување на секои три месеци.

Телата што ги пронајдоа се испраќаат во мртовечница, се идентификуваат, а потоа се предаваат на семејствата. Секој тим за пребарување се состои од осум волонтери со меѓународни сертификати што им овозможуваат да се вклучат во ексхумација. Секоја група има и куче тренирано да ги лоцира погребните места.
Групата на Јуков го пронајде телото на Олександр Хрисиук, украински војник убиен во Доњецк во мај 2022 година. Неговата мајка Олха вели дека го барала шест месеци пред да се обрати кај Јуков. Таа вели дека веднаш го препознала кога Јуков го пронашол неговото тело.

„Јуков ми испрати фотографија од крст на ланец кога го најдоа Саша…”, раскажува мајката Хрисиук која во март 2023 година го погреба својот син.

Информациите за телата на руските војници се пренесуваат до вооружените сили на Украина. Подоцна се користат за размена на телата.

Јуков вели дека го прави ова за да им помогне на ожалостените семејства да ги пронајдат своите блиски, а од 2014 година, вели дека групата пронашла над 2.000 тела.