Контролата врз владини интернационални емитувачи на програма во САД ќе ја врши изврешен директор, согласно легислативата која наскоро се очекува да биде потпишана од претседателот Барак Обама.
Измените беа вклучени како дел од годишниот закон за буџет во одбраната – Акт за национална одбрана 2017, кој беше донесен минатата недела од двата дома на Конгресот.
Според него, се реорганизира раководството во Емитувачкиот одбор на управници, американска владина агенција, која раководи со Гласот на Америка и другите емитувачки субјекти, од кои неколку се организирани како приватни корпорации, финасирани од владата, или познати како корисници.
Деветиот член, што го контролира Емитувачкиот одбор на управници, ќе биде заменет со помал советнички одбор, кој ќе нема моќ да носи одлуки.
Неговото влијание ќе се пренесе на извршен директор, нова позиција формирана во септември 2015-та година. Идниот извршен директор ќе биде назначен од претседателот и потврден од Сенатот.
Поддржувачите на овие измени велат дека тие ќе придонесат за модернизирање на операциите, како и да се ослободат од одборот кој долго време беше критикуван за неефективност.
Но критичарите велат дека Одборот служел како заштитен ѕид меѓу новинарите и полтичкиот естаблишмент, расправајќи се дека елиминирањето може да наштети на уредувачката независност и кредибилитет.
Најголемиот поддржувач на промените, републиканскот сенатор Ед Ројс, вели дека промените во Емитувачкиот одбор на управувачи, требало да се спроведат многу порано.
„Нашите агенции кои помогнаа да се симне Железната завеса со точно и навремено емитување ја изгубија нивната контрола“, изјави Ед Ројс на почетокот на месецов.
„Тие мора да бидат ревитализирани, за да може ефективно да ја извршуваат нивната мисија во време на тероризам и дигитална пропаганда“, додаде тој.
Кој било нов извршен директор мора да биде потврден од Сенатот, кој што пак е под контролира од републиканците.
Тој ќе има широки овластувања, особено врз организацииите под Емитувачкиот одбор на управувачи, вклучувајќи ги Радио Слободна Азија, Радио Слободна Европа, како и емитувачките мрежи на Блискиот Исток.
Конкретно, извршниот директор ќе има моќ да ги обедини корисниците во една нова корпорација, да ги вработува и отпушта нивните раководители, и да префрла пари од буџетот на една во друга агенција.
Џон Ленсинг, актуелниот извршен директор на Емитувачкиот одбор на управувачи, вели дека независноста на агенцијата е се` уште заштитена.
Преку електронска порака до вработените, на почетокот на месецот, тој кажа дека „одржување на нашата новинарска независност и нашиот кредибилитет во светски рамки, останува најголема важност“.