Бангкок - Водечкиот кандидат за премиер на Тајланд, Пита Лимјароенра рече дека обезбедил доволно поддршка од Сенатот за да ја преземе функцијата.
Прогресивната Партија за движење напред од каде доаѓа Пита освои најмногу места на изборите кои се одржаа претходниот месец, а гласачите искажале големо отфрлање на партиите поврзани со војската кои управуваат со кралството речиси една деценија.
За да стане премиер, Пита треба да собере мнозинство во двата дома, вклучувајќи го и Сенатот, чии 250 членови беа избрани од последната хунта.
Коалицијата од осум партии од која Пита ја доби поддршката има вкупно 312 места во Долниот дом, но потребни се уште 64 од двата дома за да има мнозинство.
Запрашан колку сенатори ќе го поддржат, Пита со одговор до новинарите: „Доволно за да станам премиер“.
Парламентот на Тајланд треба да заседава следниот понеделник за првпат по изборите, а гласањето за премиерот треба да се одржи во средината на јули.
Решеноста на Прогресивната Партија за движење напред да ги измени строгите закони на Тајланд против навреда на кралското семејство го исплаши кралско-воениот конзервативен естаблишмент.
Пита ги отфрли шпекулациите дека ставот на неговата партија за реформирање на кралските закони за клевета може да биде пречка за формирање влада.
Неколку сенатори веќе рекоа дека нема да гласаат за тој да стане премиер.
На почетокот на овој месец, изборната комисија формираше истрага за да провери дали Пита е квалификуван да се кандидира за функција, поради неговата наводна сопственост на акции во сега веќе непостоечката медиумска компанија.
Прогресивната Партија за движење напред и опозицијата Феу Таи доминираа на изборите на 14 мај, на кои гласачите целосно го отфрлија премиерот Прајут Чан-О-Ча, поранешен началник на армијата кој дојде на власт со државен удар во 2014 година.
Коалицијата најави амбициозни планови за препишување на уставот - напишан од хунтата на Прајут во 2017 година - како и прекинување на воената регрутација и дозволување истополови бракови.