Играчите од Washington Nationals ќе се обидат пред домашната публика да го продолжат победничкиот серијал што го почнаа против тимот од Хјустон во Светскиот бејзбол шампионат
Еуфорија има во главниот град на САД во пресрет на вечерашниот бејзбол натпревар меѓу тимовите Washington Nationals и Хјустон Асторс, во рамките на Светскиот шампионат.
Играчите од бејзбол тимот од Вашингтон, ќе се обидат пред домашната публика да го продолжат победничкиот серијал што го почнаа против тимот од Хјустон.
Некои од фановите сметаат дека успесите на тимот од Вашингтон имаат и национално значење, зашто помагаат во обединување на нацијата.
Тимот од Вашингтон првпат после 50 години се натпреварува во Светскиот шампионат. Потребни му се уште две победи за да ја освои првата светска титула.