Македонски тренер ќе го води женскиот шампионски фудбалски тим на САД

Влатко Андоновски е новиот селектор на американската женска фудбалска репрезентација. Тој се согласил да ја преземе позицијата, а првиот дуел ќе го има на 7 ноември против Шведска

Влатко Андоновски, поранешен македонски фудбалер и повеќегодишен тренер на американски фудбалски тимови е новиот селектор на женската фудбалска репрезентација на САД. Како што објавија овдешни медиуми, Андоновски се согласил да ја преземе водечката улога во репрезентацијата, откако селекторката Џил Елис одлучи да ја напушти позицијата.

Андоновски официјално уште нема потпишано договор, но се очекува на почетокот на следната недела да биде и официјално претставен како 10. тренер на женската репрезентација на САД. која летово ја освои четвртата шампионска титула во светот.

Во описот за Андоновски, американски медиуми објавуваат дека Фудбалската федерација на САД му го предава шампионскиот тим од професионални спортистки и топ фото-модели во рацете на македонско-американски тренер


Во описот за Андоновски, американски медиуми објавуваат дека Фудбалската федерација на САД му го предава шампионскиот тим од професионални спортистки и топ фото-модели во рацете на македонско-американски тренер кој со години играл за европски и американски тимови.

Весникот „Њујорк тајмс“ во денешното издание пишува за тренерското искуство на Андоновски, кој после фудбалската кариера во САД, продолжил како тренер во женската професионална фудбалска лига. Се наведува дека неговото долго искуство со женските тимови, придонесува за тој добро да го познава составот на фудбалската репрезентација.


Со тимот Канзас Сити, Андоновски двапати ја освои титулата во американското фудбалско првенство, при што беше прогласен и за тренер на годината. Последните две години, тој е тренер на Реин, професионален женски фудбалски тим од Сиетл.

Прва задача на Андоновски ќе биде успешно да поминување на квалификациите за летните олимписки игри во Токио. Прв меѓународен дуел што го очекува е пријателскиот натпревар со Шведска на 7 ноември во Колумбус, Охајо и со Костарика на 10 ноември во Џексонвил, Флорида.

Пред доаѓањето во САД, Андоновски во македонската фудбалска лига играл за Работнички, Македонија ЃП и за Вардар.