Америка се смрзнува, температурите паднаа и до минус 52 степени

До сега се регистрирани најмалку четири жртви како последица од студот, во три држави е прогласена вонредна состојба

Милиони Американци деновиве се соочуваат со екстремно ниски температури, откако врз делови од северноамериканскиот континент се прошири масивен арктички облак со студен воздух.

Температурите во делови од Минесота вчера паднаа и до минус 52 степени Целзиусови, а до сега се регистрирани најмалку четири жртви како последица од студот.

Синоптичарите прогнозираат дека САД ќе се соочат историски најниски температури. Во државите Илиноис, Мичиген и Висконсин веќе е прогласена вонредна состојба.

Чикаго, каде зимите се вообичаено студени, е еден од поголемите градови кои ќе се соочат со поларниот бран и се очекува жителите во текот на денешниот ден да искусат рекордно ниски температури.

Студениот бран ќе се шири од средниот запад, кон источниот брег, како и на југ кон Флорида.