Тензично во Украина: Минофрлачки оган врз меѓународни новинари и украински официјални лица

Под минофрлачки оган се најдоа денеска група меѓународни новинари и украински официјални лица, а меѓу нив и украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Манастирски.

Your browser doesn’t support HTML5

Минофрлачки оган врз меѓународни новинари и украински официјални лица

Нападот се случил додека групата новинари, со министерот биле во обиколка на селото Новолуганск, во областа Донецк, на линијата со реонот што е под контрола на проруските бунтовници.

Групата странски новинари, според информации на украинскиот сервис на Радио Слободна Европа, била приморана да наоѓа засолништа додека се случувало гранатирањето. Во групата биле и известувачите на Гласот на Америка, Хедер Мардок и на Радио Слободна Европа, Маријан Кушнир. Двајцата поминале без повреди.