Пендаровски: Работата околу законот за јавното обвинителство е расчистена

Your browser doesn’t support HTML5

Ако не се донесе законот за Јавно обвинителство, тоа нема да биде проблем за да добиеме датум за преговори во октомври, рече претседателот Стево Пендаровски при денешната посета на Велес.

„Работата околу законот за јавно обвинителство е исчистена и има уште две – три спорни прашања за кои двете партии имаат различно мислење. Ако не го донесеме тој закон нема да биде проблем за да добиеме датум за преговори во октомври. Со одлуката да се трансферираат предметите од СЈО во Јавното обвинителство тој проблем е решен во овој период. Но се разбира многу е битно да имаме нов закон за јавно обвинителство со кој некогашната СЈО ќе биде и системско регулирано за да може да продолжи по предметите заради нас, заради државата. Битно е СЈО да биде дел од редовниот систем на обвинителството и во таа смисла апелирам до политичките лидери да се договорат што е можно побрзо“, рече Пендаровски.