Во македонското МНР одбележани 230 години Стејт Департмент

Your browser doesn’t support HTML5

Министерот Никола Димитров и амбасадорката на САД, Кејт Брнс, отворија изложба за пријателството меѓу двете земји

Денеска во македонското МНР, во присуство на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, беше одбележана 230-годишнината од формирањето на американскиот Стејт Департмент.

По овој повод Никола Димитров и Кејт Брнс отворија изложба на фотографии кои сведочат за континуираното пријателство меѓу двете земји од воспоставувањето на дипломатските односи.