Германската канцеларка Ангела Меркел видливо се тресеше додека стоеше покрај украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на церемонијата за негово добредојде во Берлин.
Иако беше видливо дека не се чувствува добро, таа успеа да се одржи на нозе додека воениот оркестар ги свиреше химните на двете држави.
На крајот од церемонијата собра сили да му отпоздрави на оркестарот и се врати назад во зградата.
Your browser doesn’t support HTML5
На конференцијата за медиуми што следеше после средбата со Зеленски, новинарите ја прашаа дали се чувствува добро. Меркел одговори дека ѝ е многу подобро, но дека веројатно ѝ се слошило од стоењето на сонце.
Меркел следниот месец ќе наполни 65 години. Нејзината канцеларија не даде дополнителни информации во врска со здравствената состојба на канцеларката.