Почина најстариот човек на светот на 113 години

Japanese Masazo Nonaka, who was born 112 years and 259 days ago, receives a Guinness World Records certificate naming him the world's oldest man during a ceremony in Ashoro, on Japan's northern island of Hokkaido, April 10, 2018.

Номака е роден 1905-та, неколку месеци пред Алберт Ајнштајн да ја објави теоријата за релативност

Најстариот човек на светот Масазо Номака од Јапонија почина на 113 - годишна возраст.

„Почина мирно во сон“, изјави неговата внука Јуко.

Номака е роден 1905-та, неколку месеци пред Алберт Ајнштајн да ја објави теоријата за релативност.

Лани, официјални лица од Гинисовата книга за рекорди го прогласија Номака за најстар човек во светот, по смртта на Шпанецот Франциско Нунез Оливеира.

Јапонија има една од највисоки стапки на животен век.

Најстариот човек во светот, исто така бил Јапонец.

Јороемон Кимура почина во јуни 2013-та. Имаше 116 години.