Економисти од Светска банка за сликата во Северна Македонија: Кредитниот рејтинг стабилен и во време на Ковид-19

Your browser doesn’t support HTML5

Економисти од Светска банка за сликата во Северна Македонија

И позната американска компанија за финансиски услуги во последниот извештај, позитивно ја оцени генералната слика

Родриго Кабрал, виш економист за менаџирање со јавен долг во Светската банка во Вашингтон, под чија надлежност е ѝ Северна Македонија и Бојан Шимбов, економист од канцеларијата на Светската банка во Скопје, за Гласот на Америка ги анализираат ефектите од Ковид-19 врз македонската економија, согласно најавите за последните мерки на Владата за помош на најпогодените.

Глас на Америка: Кои се импликации од Ковид -19 за јавниот долг во Македонија?

Родриго: „Ковид-19 е голема криза не само од здравствен аспект, туку и од финансиски и економски импликации. За Северна Македонија изработивме временска рамка за поддршка на навигација на реформите“.

Меѓу насоките, вели економистот Кабрал, Светската банка укажала на ризиците со кои се соочува економијата, но и понудиле препораки кон разни видови на извори, за финансирање на заемите, во време на криза.

Во случајот со Северна Македонија, земјата се справува релативно добро во кризата, од аспект на продолжување на погребите за финансирање, го одржуваат домашниот пазар, издадоа еврообврзница“, укажува Кабрал.

SEE ALSO: Глобалната економија поздрава од предвидувањата во јуни, вели претставничка на ММФ

И позната американска компанија за финансиски услуги во последниот извештај, позитивно ја оцени генералната слика за земјата, потенцира овој виш економист од Вашингтон -

Во септември, една од агенциите за кредитни рејтинзи Стандард и Пурс, го реафирмираше рејтингот на Северна Македонија на исто ниво, како стабилен
Родриго Кабрал


„Во септември, една од агенциите за кредитни рејтинзи Стандард и Пурс, го реафирмираше рејтингот на Северна Македонија на исто ниво, како стабилен. Тоа е фантастично, со оглед дека живееме во време на пад и негативен рејтинг. Ситуацијата е многу подобра, отколку што изгледа“, коментира Кабрал.

Но, – какво е очекувањето од најавените нови мерки од македонската влада, одговор побаравме од канцеларијата на Светската банка, во Скопје.

Глас на Америка: Како се одразува Ковид-19 врз севкупната економија и финансии во Северна Македонија?

Во однос на нашите проекции за 2020-та, очекуваме пад на бруто домашниот производ од 4,1%, што е значителен пад во однос на растот што го имавме во 2019-та, од 3,6%.
Бојан Шимбов


Бојан Шимбов: „Како што е случај во речиси сите земји во светот така и во Северна Македонија, пандемијата со Ковид-19 го зема својот данок врз економската активност. Рестриктивните мерки во однос на движењето на населението, кои што се спроведоа пролетта, влијае врз општата побарувачка, и следствено на тоа на трошењето. Во однос на нашите проекции за 2020-та, очекуваме пад на бруто домашниот производ од 4,1%, што е значителен пад во однос на растот што го имавме во 2019-та, од 3,6%. Сега има севкупно негативни ефекти во речиси сите сектори од економијата, почнувајќи од трговијата на големо и мало, индустријата како два главни двигатели, но и во услужната дејност која беше значително погодена од пандемијата“, заклучува овој економист од канцеларијата на Светската банка во Скопје.

Глас на Америка: Кои се клучни чекори за ублажување на последиците?

Бојан Шимбов: Пандемијата со Ковид-19 има негативни трендови на пазарот на труд со оглед дека намалената економска активност доведе до зголемување на невработеноста. Голем број на работници ги изгубија работните места. Добар дел од овие негативни ефекти беа ублажени од мерките што ги спроведе владата со субвенционирање на платите и социјална помош за ранливи категории.


Според последните бројки на министерство за финансии - Северна Македонија има јавен долг од 59, 5 % од бруто домашниот производ (ГДП), заклучно со јуни.

Економистот Шимбов укажува дека поради намалената економска активност, ќе има зголемување на фискалниот дефицит од 6,3% од бруто домашниот производ. Потсетува дека треба да се прави баланс меѓу ефектот од пандемијата во однос на јавното здравје и влијанието врз економската активност.

„Нема да има карантин како мерка против ширењето на коронавирусот“, најави премиерот Зоран Заев при неодамнешно интервју, бидејќи, според него, тоа ќе биде директно на штета на економијата.

Според последните проекции на Светска банка, се очекува економскиот раст во регионот во 2020-та, да биде само 0,9 проценти, најнизок од 1967-ма година.