Оваа криза е поинаква од финансиската во 2008-ма. Поради здравствениот аспект на кризата, многу компании треба да затворат со работа и затоа ударот е глобален, вели Сања Маџаревиќ – Шујстер, виша економистка во чија надлежност е регионот на Западен Балкан и Молдавија. Сите влади им помагаат на малите бизниси и треба да продолжат, зашто тие се главен двигател на регионалната економија.
„И македонската влада го направи истото. Помошта кон граѓаните и малите бизниси изнесува 2,5% од бруто домашниот производ на земјата. Никој не може да предвиди колку долго ќе трае пандемијата“, вели Маџаревиќ – Шујстер.
Регионалниот растеж за Западниот Балкан се предвидува да биде во негатива меѓу -3% до -5,5%, според последниот економски извештај на Светската банка.
„Фармацевтската индустрија и производството на храна нема да бележат пад, но најголем удар се очекува да ја зафати текстилната индустрија. Земјоделството во Северна Македонија ќе допринесе за заживување на забавената економија“Прогнози на Светската банка за македонската економија
„За Македонија го предвидуваме следното сценарио – во вториот квартал на годината ќе има најдлабока рецесија, пад на растежот за околу 11%. Најпогодени ќе бидат производството, туризмот и трговската размена. Сепак, фармацевтската индустрија и производството на храна нема да бележат пад, но најголем удар се очекува да ја зафати текстилната индустрија. Земјоделството во Северна Македонија ќе допринесе за заживување на забавената економија“, коментира вишата економистка за регионот.
Таа очекува постепено укинување на рестрикциите поради коронавирусот кон крајот на мај. Но, кога ќе почне процесот на опоравување -
„Постепеното оправување ќе зависи од фискалната слика. Државите најпрво треба да ги поддржат фирмите и граѓаните. Во монетарниот дел е потребно обезбедување ликвидност, и поддршка кон малите бизниси“, наведува Маџаревиќ – Шујстер.
Според вишата економистка, рецесијата во сите држави од Западниот Балкан најмногу се должи на значителниот пад на странска и домашна побарувачка. Ограничувањата за патување и мерките за социјално дистанцирање особено ќе имаат негативен удар врз туризмот и услужните дејности на Балканот, каде 50% од вработеноста во пет земји во регионот се во секторот туризам.