Глас на Америка: Која е Ваша оценка за актуелната епидемиолошка слика?
„Северна Македонија минува низ повторни бранови на инфекции, но во измината недела има стабилизирање на состојбата. Тоа индицира на намалување на интензитетот на пандемијата, но мислам дека тоа најмногу се должи на рестриктивните мерки и воведување на полицискиот час“, изјави Џихане Тавила, висока претставничка на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје
Високата претставничка на Светската здравствена организација и се осврна на предизвиците со болниците и здравствениот персонал, кој се во првите редови, но и бедем, против коронавирусот, од самиот почеток.
„Треба да бидеме внимателни, дека не се работи само за новите инфекции, но и за преоптовареноста на болниците, но и процентот на луѓе кои се тестирани позитивни на коронавирусот. Бројките се големи се уште во Македонија и затоа мора да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање, држење растојание и носење маски“, вели Џихане Тавила.
Таа смета дека состојбата со недостиг на вакцините во Северна Македонија е слична како и во многу други земји, и ја разбира фрустрираноста. Според неа, земјата ги почитува препораките од СЗО за заштита на населението. Трката за снабдување со вакцините е на глобално ниво, и Македонија не е исклучок, смета претставничката. Повика на трпение додека производството и дистрибуцијата на вакцините не стасаат до посакуваното темпо.
Глас на Америка: Како да се охрабрат граѓаните да се вакцинираат штом имаат шанса?
Мојата главна порака е да им се верува на вакцините, затоа што тие се најдобриот и најефикасен начин да се спречи епидемијаЏихане Тавила, СЗО
„Мојата главна порака е да им се верува на вакцините, затоа што тие се најдобриот и најефикасен начин да се спречи епидемија и тоа сме го виделе во многу случаи порано“, порача претставничката од СЗО во Скопје.
Запрашана, дали е потребна содржајна кампања во Македонија за кревање на свеста за ефикасноста на вакцините, со оглед дека последните анкети упатуваат дека има зголемен број на скептицизам, но и недоверба во ефикасноста од вакцините, по појавата на разни информации, но и дезинформации:
„Најпрво треба да ги запреме лажните вести. Луѓето им веруваат на лекарите. СЗО направи истражувања кои велат дека над 50 отсто од испитаниците им веруваат на вакцините и би сакале да се вакцинираат. Проблемот во моментов не е кон резервираноста, туку во нивната достапност. Вакцините се потребни сега, денес, затоа луѓето, се вознемирени!“, изјави Џихане Тавила.
Глас на Америка: Дали преферирате, некоја вакцина, со која би се вакцинирале?
Се уште не сум вакцинирана. Доколку добијам можност, ќе се вакцинирам, со било која! Без двоумење!Џихане Тавила, СЗО
„Се уште не сум вакцинирана. Доколку добијам можност, ќе се вакцинирам, со било која! Без двоумење! Затоа што компликациите од Ковид-19 се ужасни, и вакцината е единствен начин да бидам заштитена“, изјави Џихане Тавила од СЗО.