Концерт на Влатко Стефановски по повод Денот на благодарноста

Your browser doesn’t support HTML5

Концерт на Влатко Стефановски за Денот на благодарноста во САД

Мајсторот на гитара синоќа во Вашингтон беше гостин на традиционалниот, 6-ти по ред, настан - „Од македонскиот народ со благодарност до американскиот народ“

Понатиот гитарист Влатко Стефановски во театарот Гринберг во Вашингтон се претстави со авторска музика. Музиката на популарниот фронтмен на легендарните „Леб и Сол“ ја слушнаа бројни претставници од дипломатскиот кор, од дијаспората, од приватниот сектор, пријатели на Македонија.

Македонија е земја со богато културно богатство и наследство, имаме врвни уметници кои имаат оставено значителен белег, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски, претставувајќи го гостинот.

Ова е веќе шеста година по ред, на ваков начин, да се промовираа македонската култура пред Американците.

Концертот се одржа по повод претстојниот американски празник - Денот на благодарноста.