Во Њујорк живеат повеќе од 56.000 американски и меѓународни уметници и музичари. Меѓу нив е и познатиот македонски џез музичар Владимир Четкар, кој студирал на бостонскиот Беркли. Многу години живее во Њујорк, но како му минува денот во „градот што никогаш не спие“, сега во време на пандемијата?
Коронавирусот го затекна во Њујорк. Вози велосипед, ужива во празни њујоршки авении, повторно се „вљубува“ во архитектурата на градот.
Креативно, го минува времето со компонирање на нови песни, го најави и новиот четврти албум. „Ништо не може да ја замени интеракцијата во живо за еден музичар“, коментира музичарот Владимир Четкар кој се надева дека наскоро ќе почне враќање на трендот на настапи во клубови, дискотеки, музички фестивали...