Живот за време на Ковид-19: Олеснувањето на мерките во Вирџинија, ги враќа жителите на отворено

Your browser doesn’t support HTML5

Животот во Вирџинија, полека се враќа во нормала, жителите на отворено

Камерата на Гласот на Америка беше на терен низ Арлингтон, Вирџинија, да се увери како функционираат новите прописи за баровите, кафулињата, рестораните, но и дали има муштерии...

Северна Вирџинија ja најави втората фаза за враќање во нормала, откако параметрите покажаа подобрување со бројката на заразени и починати од Ковид-19, навести гувернерот Ралф Нортрам. Носењето заштитни маски ќе се препорачува, но нема да биде задолжително, иако, натаму ќе има бројни рестрикции.

Кафе-бар во Арлингтон

На раскрсницата на булеварот Вилсон во близина на метро станицата Кларендон се наоѓа познатото кафуле - Нортсајт Соушал во Арлингтон, Вирџинија, кое се прилагодува на новите услови и прописи на работа во време на коронавирус.

Ранди Милтон е генерална менаџерка на кафе-барот Нортсајт Соушал во Арлингтон -

Глас на Америка: Дали е ова новата нормалност?

Гласот на Америка во разговор со менаџерката на кафе-барот

„Се надевам, не. Мислам дека најголем предизвик е персоналот да се чувствува безбедно, но и муштериите. Го модифициравме отворениот простор, според прописите од гувернерот“, смета Милтон.

Што значи тоа, конкретно?

„Toa значи дека може да имате 50% од капацитетот на надворешниот простор. Да продолжите со нарачки за достава, и за носење. Засега, не се дозволува седење во затворениот дел од кафе-барот“, коментира менаџерката Милтон.

Откако ќе замине гостин, веднаш, зајакнати мерки за дезинфекција. Се бришат масите.

Розарио, жителка на Арлингтон

Тука ги најдовме Розарио и Елстино од Аргентина, кои веќе една година живеат во Арлингтон, а работат во Вашингтон. Велат, не стравуваат од вирусот, и ја користат првата можност да се напијат кафе на отворено, и да уживаат во сонцето.

Елстино, жител на Арлингтон

„Oва е новата нормалност, и ако се почитуваат прописите, прекрасно е, да се ужива времето надвор. Се чувствувам безбедно.“, смета Розарио.

И Елстино се согласува дека треба се почитуваат новите прописи, особено кон постарата популација.

„Ако сте во ризична група, треба да останеме дома, но ако сте млади и здрави, може да излезете, не гледам проблем“, оцени Елстино.

Камерата на Гласот на Америка регистрираше дека некои други ресторани во Арлингтон, примаат нарачки само на отворено.

Други, пак, веднаш, до менито, укажуваат и на потребата од поголема хигиена...

Животот, со или без заштитни маски, полека, се враќа во нормала. И тоа незапирливо, барем во Арлингтон.

Иако, за жал, за многу бизниси, тоа не значи ѝ подобри денови.

Превисоките кирии за изнајмување, и тримесечните рестриктивни мерки за седење дома поради коронавирусот го зедоа данокот со клуч на врата, за некои помали услужни бизниси, но и за поголеми, кои постоеле дури и со години на исти локации во општина.

Сепак, и покрај предизвиците, дали за нарачка преку Интернет за носење дома, или за часа вино, пиво, на отворено, жителите од Арлингтон уживаа во долгоочекуваните летни мигови на отворено.

Во Арлингтон, сојузната држава Вирџинија, во тек е отворање на повеќето мали бизниси, општина која географски припаѓа на престолнината, ѝ е дел од пошироката метропола на Вашингтон.

Гувернерот на Вирџинија ги објаснува новите мерки за втората фаза од отворањето на економијата

Во следната фаза од реотворање на ова сојузна држава, ѝ вежбалните може да отворат врати за максимум до 30% од капацитетот во затворениот дел, а и базените ќе можат да ги примат првите посетители во летниот период. Учениците ќе можат наесен да се вратат на настава.

Сојузната држава Вирџинија има надолен тренд и моменталната стапка на позитивните случаи од коронавирус изнесува 8,9%. И натаму, засега, има над 50.000 заразени. Бројката на хоспитализирани бележи пад и сега изнесува под 1200 пациенти. Според гувернерот Нортрам, има доволно болнички легла, заштитна опрема, и капацитет за тестирање, но ѝ следење на лицата кои потенцијално, имале контакт со Ковид-19.