Советот за безбедност на ОН не постигна договор ниту за американскиот, ниту за рускиот предлог за излез во кризата во Венецуела.
Американската верзија беше поддржана од мнозинството членки, но беше блокирана од Русија и од Кина, додека рускиот предлог доби поддршка од само четири гласа.
Владата на оспорениот претседател Николас Мадуро одби да прифати дека има хуманитарна криза во земјата и не дозволува да помош од САД да влезе во земјата, предупредувајќи дека тоа е увертира за американска воена инвазија.
UN Venezuela
Руската резолуција повика на мирољубиво решение за конфликтот, но додаде дека Мадуро треба да ја подобри доставата на хуманитарната помош. Во неа, исто така се „изразува загриженост за заканите за употреба на сила“, против Венецуела.
Пред една недела поддржувачите на Мадуро ги блокираа камионите со храна и медицинска опрема на влезот од земјата, при што беа поттикнати насилни судири на границите со Колумбија и со Бразил. Четворица загинаа, повеќемина беа повредени.