Меѓу граѓаните кои чекаа за вакцинација пред скопската сала „Борис Трајковски“, се појави и премиерот.
Заев денеска ја прими првата доза од „Синофарм“ вакцината против Kовид-19.
Присутни беа и претставници на амбасадата на Кина – земјата од каде дојде досега најголемата количини вакцини.
„Ја исполнив својата должност“, изјави премиерот по вакцинирањето и повика истото да го сторат и граѓаните.
Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работа. Со дозите вакцини кои пристигнаа измината недела, како и со сите договорени дози кои треба да пристигнат, верувам дека до летото ќе имаме висок процент на вакцинирано население и тоа ќе придонесе до целосно менување на сликата на епидемијата.Заев, премиер
„Ја примив првата доза од вакцината на Синофарм, односно ја примив онаа вакцина која беше на ред. Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работа. Со дозите вакцини кои пристигнаа измината недела, како и со сите договорени дози кои треба да пристигнат, верувам дека до летото ќе имаме висок процент на вакцинирано население и тоа ќе придонесе до целосно менување на сликата на епидемијата. Ги охрабрувам сите граѓани да се пријават за термин за вакцинација и да си го обезбедат единствениот начин да се заштитат од вирусот. Вакцините се безбедени, тестирани и колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател.“, изјави премиерот Зоран Заев.
Повикот на Заев следи откако бројчаникот на министерството за здравство покажа дека досега само нешто повеќе од 256.000 граѓани се пријавиле за вакцинирање, а 74.000 се вакцинирале. Бројката на пријавени, ако се има во предвид статистиката од последниот попис, укажува на тоа дека само 12 отсто од населението во земјава е заинтересирано да прими вакцина против Ковид - 19. Тој процент е многу понизок од неопходните 60 отсто вакцинирани жители за создавање колективен имунитет.
Пунктови за масовна вакцинација, освен во Скопје, има и во Битола, Кавадарци, Куманово, Охрид, Тетово, Штип, а се најавуваат и во Велес и во Прилеп. Се најавуваат и кампањи за да се мотивира населението да се вакцинира. Затоа се и повиците на надлежните до граѓаните, уверувањата на здравствените власти дека вакцините се безбедни, а и примерите како денешното вакцинирање на премиерот.
„Како да те штипна нешто“...