Две фармацевтски компании објавија дека нивните експериментални вакцини против коронавурисот се доставени во САД за првично тестирање врз луѓе.
Американскиот фармацевтски гигант Pfizer Inc и германскиот BioNTech SE, објавија дека тестирањата покажале дека вакцината е безбедна и ефикасна и може да биде дистрибуирана ширум САД до крајот на годината.
Ова може да биде меѓу првите вакцини коишто ќе биде одобрена во САД против вирусот, којшто досега зарази над еден милион лица и уби над 69.000 луѓе, според статистиката од Универзитетот Џонс Хопкинс.
Американската компанија од областа на биотехнологијата Moderna Inc, објави дека соработува со американската влада за развивање вакцина која користи слична технологија, (mRNA), која овозможува, пак, многу побрзо развивање на вакцина отколку вообичаените неколкугодишни напори. Првата фаза од тестирањето е во тек и следната треба да почне овој квартал.
Американскиот фармацевтски гигант Pfizer Inc минатата недела објави дека очекува Администрацијата за храна и лекови да ја одобри вакцината на почетокот од октомври.