Расте политичката напнатост за владиното затворање во САД

Ваквата вжештена реторика меѓу Белата куќа и спикерката на Претставничкиот дом сигнализира дека нема на повидок брзо решение за буџетот.

Денес е 28-ми ден од делумното владино затворање во САД, a ќорсокакот води до зголемена политичка напнатост во земјата.

Претседателот Трамп ја откажа планираната посета на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во Авганистан и во Брисел. Во писмото од Белата куќа, како причина за откажувањето на ненајавената посета на американските сили во Авганистан се наведува дека во време на делумно владино затворање, непримерно е, кога треба да се преговара за буџетот, да се оди, како што го оцени, „настан за јавни односи“. Републиканците го поддржаа потегот на претседателот, демократите го осудија.

Ваквата вжештена реторика меѓу Белата куќа и спикерката на Претставничкиот дом сигнализира дека нема на повидок брзо решение за буџетот.

И натаму 800.000 федерални работници или се дома или работат без плата за време на делумното владино затварање кое почна на 22-ри декември.