Претседателот ќе потпише закон за федералните работници

Околу 800.000 федерални работници или работат без да бидат платени или се дома од 22-ри декември.

Претседателот Трамп треба да потпише закон со кој ќе гарантира дека евентуално ќе бидат исплатени федералните работници за време на делумното владино затворање, иако се` уште е нејасно кога ќе ги добијат чековите во време кога нема знаци за брзо решение за ќорсокакот за буџетот.

Околу 800.000 федерални работници или работат без да бидат платени или се дома од 22-ри декември. Ако делумното владино затворање продолжи уште една недела, нема да го добијат ниту вториот двонеделен чек. Во меѓувреме, банките нудат финансиски програми за да им помогнат на граѓаните кои што не можат да се справат со сметките зашто што не примиле плата. Добротворната организација World Central Kitchen, позната по акциите за помош на погодените од ураганот во Порторико во 2017-ма, отворија популарно место за бесплатен оброк за федералните работници.

Локацијата се наоѓа на Авенијата Пенсилванија, на половина пат меѓу Белата куќа и Конгресот. Познатиот кувар и главен на проектот Хозе Андреас, рече дека локацијата е симболика да ја илустрира неопходноста од обединување на Американците.