САД го поздравија референдумот и граѓаните кои изразија поддршка за НАТО и ЕУ

Во соопштението се подвлекува дека „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија загарантирано место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет“.

САД ги поздравија резултатот од референдумот во Македонија на 30-ти септември, во кои граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, се вели во реакцијата од Стејт департментот во Вашингтон.

Понатаму во соопштението се подвлекува дека „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и го овозможува на Македонија заслуженото место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет“.

„Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции“, се вели во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија.