Њујорк не го откажа Ју-Ес Опен за крајот на август, но без гледачи

Прв меѓународен тениски турнир од почетокот на пандемијата

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо најави дека престижниот тениски турнир Ју-Ес Опен ќе се одржи според планираното, во Квинс, во периодот меѓу 31-ви август и 13 септември, но без гледачи поради загриженоста од ширење на коронавирусот.

Тој рече дека „тениската асоцијација на САД ќе преземе дополнителни мерки за заштита на тенисерите и нивниот персонал со масовни тестирања, дополнително чистење и простор во соблекувалните, а поинаку ќе се организира и превозот“.

https://www.governor.ny.gov/news/governor-cuomo-announces-us-open-be-held-without-fans-august-31st-september-13th

Тениската асоцијација на САД изрази големо задоволство за одобрување на гувернерот Куомо да се одржи престижниот тениски турнир во Големото јаболко.

https://twitter.com/usopen/status/1272932887633985536

Ова ќе биде прв Грем Слем што ќе се одржи од почетокот на пандемијата со коронавирусот пред три месеци.

Френч Опен, или попознат како Роланд Гарос, првично закажан за мај, е презакажан за септември, а лондонскиот Вимблдон е откажан.