Мерката, веројатно нема да помине во Сенатот
Претставничкиот дом на гласа за мерка која треба да ги ограничи ингеренциите на претседателот Трамп да отвори војна во Иран. Спикерката Ненси Пелоси изјави дека авторизирање на нападот со беспилотно летало во Ирак во кој беше убиен иранскиот генерал Солејмани од страна на претседателот Трамп било направено без консултација со Конгресот.
Резолуцијата најверојатно ќе мине во Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат демократите, но е помалку веројатно истото да се случи во Сенатот каде мнозинство имаат републиканците на Трамп.