Конгресот ја отвори целосно работата на владата

Претседателот Трамп преку Tвитер порака објави дека е голем ден за републиканците

Американскиот претседател го потпиша законот за повторно отворање на владата со што беше ставен крај на тридневното делумно затворање кое го предизвика главно партиското несогласување околу имиграцијата.

Доцна синоќа, членовите на Претставничкиот дом гласаа за одобрување на законот. Претходно, тоа го стори и Сенатот.

Таканаречената продолжителна мерка за владино финансирање е до 8-ми февруари, кога Конгресот има време да постигне долготрајно буџетско решение.

Денес е ден кога треба да се прославува“, изјави демократската сенаторка Шерон Броун од Охајо.

„Кога владата е затворена, претставува ултимативен неуспех да се владее“, изјави републиканката Сузан Колинс од Мејн.

„Задоволен сум што на демократите во Конгресот им проработи здравиот разум и гласаа за финансирање на нашата армија, пограничните патроли“, го прочита портпаролката Сара Хакаби Сандерс, писменото соопштение од претседателот Трамп.

Претседателот подоцна преку твитер порака објави дека „голема победа за републиканците“, и „голема победа за секој кој е застапник на тие прашања“.

Претходно, Демократите на Сенатот го одбиваа предлогот, барајќи заштита од депортација на корисниците на ДАКА.

Лидерот на мнозинството во Конгресот Мич Меконел вели дека ова барање на демократите не е итно прашање, бидејќи претседателот Трамп му дал на Конгресот рок до 5-ти март да најде решение.