САД се` уште привлекуваат рекорден број на меѓународни студенти, но зголемената школарина и негативната политичка реторика ја забавува робусната стапка на апликации од минатата деценија.
САД и натаму остануваат врвна дестинација во светот со повеќе од еден милион студенти од странство, двојно повеќе од следната земја – Велика Британија. Но, додека лани има пораст од 1,5 отсто странски студенти, стапката на новозапишани, опадна за 6,6 проценти, тренд за прв пат регистриран од Институтот за меѓународно образование.
„Овие односи се важни во конкурентниот пазар“, изјави Мари Ројс, заменик-државен секретар за образовни и културни прашања при Стејт департментот, наведувајќи дека студентите носат 42 милијарди долари и 450.000 работни места за американската економија.
Но, трошоците за школарина, околу 20.000 долари годишно за јавни универзитети и 70.000 долари за елитни приватни универзитати, ги прават САД да изгледаат помалку атрактивно за меѓународниот студенти, во време кога се зголемуваат глобалната конкуренција.
65% од меѓународните студенти се потпираат врз „меѓународни извори на финансирање“ изјави портпаролката Катрин Морис на Институтот за меѓународно образование. Таа додава дека повеќе од половината од сите студенти (59 отсто) школувањето го финансираат преку нивните лични и семејни буџети.
82 отсто од студентите се потпираат на лично или семејно финансирање за школување. Повеќето од студентите не се квалификуваат за стипендии во американските колеџи.
Изминативе 30 години, Рајика Бандари, истражувач и виш советник во Институтот за образование, изјави дека има 213 процентно зголемување на американските јавни институции и 130 процентно на приватните образовни институции.
Кина и Индија испраќаат речиси половина од меѓународните студенти – ( Кина – 363,341) и ( Индија – 196, 271).
Актуелниот финансиски модел за високо образование не е одржлив, вели Лин Паскарела, претседател од Асоцијацијата на Американски универзитати и колеџи. Не можеме да ги зголемиме школарините и да имаме растечки задолжувања за домашните и странски студенти.
И други теми во општеството за меѓународните апликации влијаат при носење одлука – како дали нивните деца ќе бидат безбедни во САД.
„Ако ги анализирате националните вести во САД, прва помисла е дали би го испратиле вашето дете да студира во САД?, вели Паскарела. Во Флорида и во Калифорнија беа убиени студенти. Кој би охрабрил студенти да дојдат да учат во САД, ако не се чувствуваат безбедно?
Друг аспект е анти-имигрантската реторика. „Дали синот или ќерката се добредојдени во САД? Дали ќе им бие продолжена визата кога ќе завршат? Дали ќе имаат можност да работат во САД? – Ова се едни од прашањата кои честопати си ги поставуваат семејствата чии деца заминуваат на школување во САД.
Експертите од областа на образованието наведуваат дека е витално за домашната економија и натаму да привлекува научниците, инженерите и другите професионални кадри во САД.
„Меѓународните студенти кои учат заедно со Американцитe претставуваат голема корист за САД, велат експертите и наведуваат дека САД треба да испратат порака дека меѓународното образование ja прави Aмерика посилна држава.