Демократската партија освои уште едно место во Сенатот по пребројувањето на гласовите во сојузната државата Аризона, една недела по гласањето на 6-ти ноември.
Кирстен Синема го освои испразнетото сенатско место и ја победи републиканската кандидатка Марта МекСали со речиси два проценти од гласањето. Таа и` ја честиташе победата на Синема преку Твитер.
Синема е прва жена - сенаторка од Аризона. Во јануари го презема местото од републикански сенатор Џеф Флејк, кој најави пензионирање.
Трката за испразнетото сенатско место во Азиона беше една од тесните и неизвесни за време на делумните конгресни избори.
Републиканците ќе ја задржат контролата во Сенатот. Сепак, демократите ја повратија контролата во Претставничкиот дом.
Сега, фокусот се врти кон Флорида, каде во тек е пребројување на гласовите во трката за Сенатот и за гувернерското место.
Претседателот Трамп се пожали дека двете пребројувањата во Флорида треба да бидат прекинати и изрази сомневање во исправноста на мерката.
Пребројувањето има и за гувернерското место во Џорџија.