Можен договор за зголемување на крајната граница на владиното позајмување

Можен договор за зголемување на крајната граница на владиното позајмување

Спогодбата мора да биде постигната до 22-ри јули за Конгресот да може да отвори дебата и процес на гласање.

Американскиот претседател Барак Обама и демократите во Сенатот разледуваат можност за краткорочно зголемување на крајната граница на владиното позајмување за да се избегне потенцијално катастрофално неисплаќање на националниот долг. Со тоа и би се избегнал ќор-сокакот меѓу Обама и републиканските законодавци.

Според новинската агенција Ројтерс, договорот меѓу претседателот и демократите во Сенатот би значел покритие за потребите на позајмување за наредните седум месеци. Конгресот мора да го одобри зголемувањето на крајната граница на позајмување до 2-ри август, кога актуеланата администрација вели дека ќе снема пари за да ги отплаќа долговите.

Демократските претставници додаваат дека договорот мора да биде постигнат до 22-ри јули за Конгресот да има доволно време за отварање дебати и гласање по мерката.