Американската армија ќе бара задолжително вакцинирање од средината на септември

U.S. Army SSG Marvin Cornish is injected with a COVID-19 vaccine

Во соопштение до трупите се посочува да се подготват за барањето за задолжително вакцинирање, а секретарот Остин најави дека ако има скок на заразените со Ковид, тогаш „нема да се двоуми да реагира порано или да препорача друг курс до претседателот ако има потреба од такво нешто“.

Американската армија ќе почне да бара задолжително вакцинирање за припадниците од средината на септември, согласно одобрувањето за задолжително вакцинирање до тогаш.

SEE ALSO: САД и европските држави засега не одобруваат трета доза вакцина

Во меморандум до припадниците на Армијата, секретарот за одбрана Лојд Остин истакна дека ќе побара одобрување од претседателот Бајден да ги направи вакцините задолжителни до крајот на септември, или Администрацијата за храна и лекови (ФДА), да даде зелено светло за вакцината Фајзер.

Во соопштение до трупите се посочува да се подготват за барањето за задолжително вакцинирање, а секретарот Остин најави дека ако има скок на заразените со Ковид, тогаш „нема да се двоуми да реагира порано или да препорача друг курс до претседателот ако има потреба од такво нешто“.

Бајден во соопштение во понеделникот истакна дека силно ја поддржува пораката од Остин, и додаде дека „вакцинацијата на членовите на Армијата ќе овозможи да бидат здрави, подобро да ги штитат семејствата, и да обезбедат дека силите се подготвени да оперираат, каде и да е потребно“.

Најавата доаѓа само една и пол недела откако Бајден постави нови барања до федералните работници да обезбедат докази за вакцинација или ќе се соочат со неделно тестирање.