Претседателот Трамп изјави дека САД ќе имаат вакцина против коронавирусот пред “крајот на годината или можеби порано“.
Објавата доаѓа како дел од говорот на претседателот за прифаќање на републиканската претседателска конвенција, што го одржа од синоќа од Белата куќа.
SEE ALSO: САД: Центарот за контрола на болести ги ревидираше прописите за тестирање за Ковид-19
Експертите велат дека за развој на вакцините понекогаш се потребни децении тестирања, за да се докаже дека се безбедни и ефикасни.
Сепак, има зголемена надеж дека меѓународните напори ќе стасаат до производство на ефикасна вакцина следната година.
„Изминатите месеци, нашата нација и планета се погодени од нов и моќен невидлив непријател“, изјави Трамп во говорот од Белата куќа пред присутните кои што не носеа маски и не почитуваа мерки за социјално дистанцирање.
САД имаат 5,8 милиони случаи на Ковид-19, околу една петина од светската бројка од 24 милиони заразени, според статистиката од Универзитетот Џонс Хопкинс.
Бразил е втор со 3,7 милиони позитивни случаи, а Индија е трета со 3,3 милиони.