Претседателот Доналд Трамп, кажа дека САД, Велика Британија и Франција, започнаа “комбинирана операција” против режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад. Трамп истакна дека нападите имаат за цел, ставање крај на употребата на хемиско оружје од страна на Владата на Сирија.
Трамп истакна дека САД се подготвени да го „држат“ притисокот врз Асад, се` додека, како што рече, не запре криминалната пракса на убивање свој народ со меѓународно забрането хемиско оружје.
Сириската телевизија јави дека воздушните одбранбени сили на земјата возвратиле на нападот.
Американскиот претседател ги потенцираше најголемите меѓународни подджувачи на режимот на Башар Ал Асад, Иран и Русија, потенцирајќи дека не успеале да го запрат Дамаск да користи хемиско оружје. Тој конкретно ја критикуваше Русија дека не го одржала ветувањето од 2013-та, за отстранување на сириското хемиско оружје.
„Неодамнешниот напад на Башар ал Асад со хемиско оружје и денешниот одговор – се резултат на неисполнувањето на ветувањето од Русија“, изјави претседателот на САД Доналд Трамп.