Камионџијата Роберт Стојковски – еден од новите херои во време на пандемија во САД

Your browser doesn’t support HTML5

Роберт Стојковски – еден од новите херои во време на пандемија

Еден од седум милиони камионџии по патиштата во САД, кои ѝ во време на коронавирус, и рестриктивните мерки, и натаму го одржува снабдувањето со храна и лекови

Македонецот Роберт Стојковски, живее во Колумбус, Охајо и вози камион во САД веќе 10 години.

Признание за Стојковски

Превозник, кој минува по 10 до 12 часа дневно во неговиот Волво по локални маршрути, во регионот меѓу сојузните држави Охајо, Индијана и Кентаки. Еден од седум милиони камионџии по патиштата во САД, кои ѝ во време на коронавирус, и рестриктивните мерки, и натаму го одржува снабдувањето со храна и лекови, за непречено функционирање на државата.


Камионџии - непризнаени херои на пандемијата

Стојковски вози од почетокот на пандемијата и е задоволен дека има многу работа за камионската индустрија. Вели дека користи заштитна маска и ракавици како заштита од вирусот, ѝ стравува да не го зарази семејството, како и сите.

Преку Скајп од Охајо за Гласот на Америка

Голема олеснителна околност за професионалните возачи е што нема многу сообраќај по патиштата и доставата во вакви времиња е секогаш навремена, вели Роберт Стојковски.

Дополнителен мотив да продолжи да вози му дава фактот дека камионџиите се меѓу новите хероите во време на пандемијата во САД.