Кинеската компанија ByteDance, која стои зад популарната апликација за споделување куси видеа особено меѓу тинејџерите, TikTok, ја отфрли понудата од Мајкрософт да ја купи апликацијата и веројатно ги пренасочува разговорите за постигнување договор со инвеститорите, коишто ги предводи Оракл.

Администрацијата на Трамп и даде на компанијата ByteDance рок до 20-ти септември да постигне договор или да запре со операциите во САД.
Вчера, Њујорк тајмс објави дека кинеската компанија ја отфрлила понудата од Мајкрософт, и оти оваа компанија навестила дека Оракл, веројатно ќе биде нејзин „технолошки партнер“. Нејасни се деталите до договорот.
[[https://www.nytimes.com/2020/09/13/technology/tiktok-microsoft-oracle-bytedance.html]]
Во соопштние, Мајкрософт, објави дека предлогот е добар за корисниците на TikTok, додека истовремено се штитат националните интереси.