Првите луѓе на финансии и на Народната банка ја коментираат монетарната слика на Македонија
Политичката нестабилност влијаеше за намалениот економски растеж, но многу е важно дека со формирањето на владата има политичка стабилизација и закрепнување на инвестиционата активност, оценија министерот за финансии Драган Тевдовски.
Со слична оценка се произнесе и гувернерот на Народната банка Димитар Богов, кој истакна дека политичка стабилизација и добрите економски политики може да ја вратат Македонија на солиден тренд на раст.