Десет години подоцна - теориите на заговор за нападите од 11-ти септември опстојуваат

Десет години подоцна - теориите на заговор за нападите од 11-ти септември опстојуваат

Дали Aл-Каида воопшто има врска со нападите? Прашањето кај некои од теориите и` натаму актуелно во странство

Во деценијата во која телевизиските камери го регистрираа моментот кога грабнати авиони се урнаа во зградите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во околината на Вашингтон, теории на заговор за тоа кој стои зад терористичките напади, и натаму постојат.

САД и повеќето влади ширум светот долго време ја обвинуваа ал-Каида за настаните на 11-ти септември, 2001-та година. Некогашниот лидер на терористичката мрежа, дури и ја презеде одговорноста за нападите.

Но, изминатава деценија, некои лица тврдеа поинаку. На пример, доколку на веб-страниците за пребарување внесете „9-11“, еден од петте избори на листата е – заговор за „9-11“. Еден од најбизарните теории на заговор досега е обвинување дека САД се нападнале самите себе си или пак дека Израел ги извел нападите во договор да се дискредитираат муслиманите.

Во 2008-та година, научници од Програмата за меѓународни политички однесувања споровеле анкета со луѓе во 21 земја ширум светот, прашувајќи ги за нивното мислење кој стои зад нападите од 11-ти септември 2001-ва. Одговорите го изненадиле директорот на Програмата, Стивен Кул.

„Само половина од нив имале мнозинско мислење дека ал-Каида е некако инволвирана. Дури и меѓу земјите како нашите НАТО сојузници, немаше мнозинско мислење, во некои случаи, и преку две третини мислеле поинаку. Значи она што имаме овде е недостаток на консензус во светот по ова прашање“, вели Кул.

Оние со воопшто понегативен однос биле помалку склони да веруваат дека ал-Каида ги извела нападите, вели Кул.

Грим Банермен, поранешн член на Сенатската комисија за односи со странство, вели дека верува оти откритијата на студијата би биле поинакви веднаш по нападите на 11-ти септември.

„Сметам дека на почетокот остатокот од светот не` поддржуваше. Како сите тогаш да беа Американци. Дури и луѓето кои во нормални услови не би биле најдобар пријател. Со вас сме, ве разбираме низ што минувате, беше односот“, изјави Банермен.

Тој сепак додаде дек САД загубиле многу оваа таканаречена „добра волја“ кога отпочнаа војна во Ирак, земја која според повеќето верувања не беше вмешана во септемвриските напади.

По американско-ирачката војна негативното однесување кон САД во муслиманските земји значително се зголеми. Во 2008-та мнозинството изпитаници во земјите од Блискиот Исток, рекле дека или ал-Каида не била одговорна за нападите од 11-ти септември или дека не знаат кој стои зад нив.

Според истражување на Центарот Пју годинава, мнозинството муслимани врз кои биле спроведени анкетите и натаму не веруваат дека Арапите се одговорни за нападите.

Експертите додаваат дека можно е подобрување на ситуацијата. Според нив, повлекувањето на американската армија од Авганистан и помалото инволвирање во муслиманските региони, комбинирано со зголемена трговија и помош, можно е да резултира со промена на однесот кон Вашингтон, со шанси да се тргнат настрана некои од побизарните теории за терористичките напади врз САД од 11-ти септември, 2001-та година.